Македонските браќа Нуне во секси црвени машки костуми – како некогаш Здравко Чолиќ со песната „Гори ватра“ – За чиста десетка!

507

Постарите читатели уште се сеќаваат дека и Здравко, на Песна на Евровизија во далечната 1973 година, во Луксембург, се појави на сцената целиот облечен во црвен вечерен костум! Така сега и нашите македонски браќа, врвни музичари, кои многу често настапуваа со Есма Реџепова. Тие секогаш внимаваа(т) на својата сценска облека

Атрактивните македонски браќа Раде и Филип Нунески, попознати по прекарот Нуне, деновиве го свртеа огромното внимание на женската публика, нивните најверни обожаватели, со секси црвената боја. Двајцата облечени во јако црвени костуми, палта и панталони, предизвикаа различни коментари. А девојките и дамите во пристојни години воопшто не се штедат во давањето комплименти. Има и такви, и тоа само од машки пол, кои сè уште се старомодни, кои живеат во минатото, па им порачуваат дека црвените панталони не се за мажи и дека треба веднаш да се пресоблечат. Посмешно не може да биде!

– Нека коментира кој што сака, никому не му е забрането. Облекувањето е личен избор, работа на личен вкус – велат браќата.                                                                Ние се одлучивме за црвената, која потсетува на радост. Иако некои коментираат дека, можеби, сме го направиле тоа поради преработка на хитот „Гори ватра“ од репертоарот на популарниот Здравко Чолиќ. Но, овие наши црвени костуми немаат никаква врска со таа песна. Сепак, идејата не е лоша.

Постарите читатели уште се сеќаваат дека и Здравко, на Песна на Евровизија во далечната 1973 година, во Луксембург, се појави на сцената целиот облечен во црвен вечерен костум! Така сега и нашите македонски браќа, врвни музичари, кои многу често настапуваа со Есма Реџепова. Тие секогаш внимаваа(т) на својата сценска облека.

За да ја разбијат „евентуалната“ монотонија со црвената, овој пат браќата под палтата имаат маици во бела боја, а на нозете модерни, бели патики. Одлична комбинација, воедно и летна, за која заслужуваат чиста десетка од модното жири. Дури вака и насловна страница на некој гламурозен светски моден магазин.   Д.М. фото:ФБ