Македонската убавица Билјана Јаневска гламурозно го прослави својот јубилеен 30. роденден! Журка-журка за паметење!

860

За разлика од голем број други припаднички на понежниот пол, Билјана не ги криеше своите 30 години, а поради кои и ја организираше оваа супержурка, за своето одбрано ВИП-друштво (вклучувајќи го и весникот ВЕЧЕР)!

Македонија како држава не престанува пријатно да воодушевува со својата женска убавина низ планета Земја, па така пред некоја вечер, токму таа нашата (Прва придружничка) „Мис на Светскиот туризам“, атрактивната скопјанка Билјана Јаневска направи величествено воодушевувачка роденденска забава. За разлика од голем број други припаднички на понежниот пол, Билјана не ги криеше своите 30 години, а поради кои и ја организираше оваа супержурка, за своето одбрано ВИП-друштво, во амбиент на една убава куќа со голем базен пред кој се одвиваше роденденскиот целовечерен церемонијал.

Билјана дури и на роденденската торта ја истакна бројката 30: – Тоа роденденско чувство не може да се опише со зборови. Премногу бев возбудена, најсреќна на овој свет и секако горда што ми дојдоа моите најсакани луѓе. Лудо се забавувавме до длабоко во ноќта, со добра музика и добрите пијалаци, одлично вкусна храна, па целата атмосфера на моменти ми заличи на ониe родендени кои покрај базените ги прават Северина, Лепа Брена или сега актуелната Констракта, вели воодушевено за своите впечатоци нашата мисица.

А, дека сè си беше на свое место, сведочат и коментарите на некои од гостите:             – Требаше да се биде на лице место да се почувствува гламурот кој знае да го направи само нашата македонска убавица…Нека зборува кој како сака, ама кај Биба незаборавно си поминавме… 30-ка е за почит, затоа и очекувавме ваква журка, Билјана умееше да ни ги исполни желбите за супер провод, сега остануваат сликите да ни сведочат за таа убавина кај убавицата…..

(Дуле Миќиќ)