Македонија загуби во реваншот со Романија, но го завери пласманот на СП 2019

6

Македонската ракометна репрезентција го завери пласманот на Светското првенство во Данска и Германија, наредната година. Во вториот натпревар од баражот за „црвено – жолтите“ на гостувањето во Клуж загуби од Романија со 26:25 , но благодарение на победа на првиот дуел во Скопје со 32:24, го доби овој бараж дуел и обезбеди учество на Светското првенство во јануари.

Во Клуж беше тешко за играње, Македонија не успеа да ја повтори играта од првиот натпревар и во сите 60 минути буквално се мачеше на теренот.

Најдобар во победничкиот табор кај Македонија беше Манасков со 7 гола, додека капитенот Кирил Лазаров даде шест гола.

Македонија со овој пласман го задржува континуитетот во настапите на светските првенства што трае од 2013 година. Ова ќе биде четврт Мундијал по ред вкупно шести за македонските ракометари.