Македонија водечка земја во регионот по бројот на жени на менаџерски позиции

67

Голем број иницијативи насочени кон подигање на свеста за родовата еднаквост и недискриминација на жените во различни сфери на животот и бизнисот, придонесоа за зголемување на бројот на жени на највисоките позиции во водечките македонски компании.

Најновото истражување спроведено од бизнис школата COTRUGLI покажува дека менаџерските тимови и одборите на директори на водечките македонски компании (рангирани според пазарната капитализација) го зголемуваат присуството на жени во нивниот состав.

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од најголемите компании во осум земји во регионот, меѓу кои: Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Бугарија.

Регионот сè уште заостанува зад европскиот просек

Анализата на управните одбори на најголемите македонски компании покажува дека просечното учество на жените на највисоките позиции е речиси 33,98 отсто жени во одборите на директори во тие компании (рангирани по пазарна капитализација), што ја прави прва во регионот.

Овие статистички податоци се значително пониски во другите земји во регионот: Србија (27,25) Хрватска (16,56%), Бугарија (16,95%), Романија (17,55%), Словенија (18,56%), БиХ (19,86%) и Црна Гора (20,77%).

За споредба, жените во малите, средните и големите компании во Европа сочинуваат 35 отсто од одборите. Податоците на Европскиот институт за родова еднаквост ја наведуваат Франција како земја со најголем процент на жени во одборите – дури 45 проценти.