Македонец во Австралија по две години го призна убиството на неговата сопруга

3

Австралиските власти го осудија Македонецот Борче Ристевски (54) за убиство на неговата сопруга Карен пред две години. Тој се изјасни за виновен и сега пресудата треба да ја потврди Врховниот суд.

Се уште не се знаат мотивите за убиството, но се претпоставува дека причина е лошата финансиска состојба во која западнал Борче. Карен пак имала дуќан за гардероба, објави „9news.com.au“.

По убиството Борче го зел телото со себе во автомобилот и го исклучил сигналот на мобилниот телефон. Го фрлил во грмушки во близина на парк каде се собрале Македонци и го затскрил со лисја.

Полицијата го нашла телото неколку месеци претрага која опфаќала дури и шахтите во околниот кварт.