Макаби ТА по една и пол деценија ја освои Москва

4

Кошаркарите на Макаби Тел Авив го приредија најголемото изненадување на петте средби од Евролигата. Составот од Израел успеа да ја совлада ЦСКА Москва на нејзин терен со 93:76 и на тој начин да прекине една лоша серија во пресметките со „армејците“.

Ова беше прв триумф на Израелците во пресметките со ЦСКА во Русија, по 2004 година и прва победа против овој ривал од 2014 година. Зусман со 15 и О‘Брајант со 14 кошеви беа лидери во триумфот, додека пак кај ЦСКА недоволни беа 16 кошеви на Де Коло и Клајбурн.

Барселона пак дојде до петтото славје во низа во елитнито друштво со тоа што овојпат триумфираше против грчки Панатинаикос. „Каталонците“ во „Палау Блауграна“ победија со 79:68, а во прв план беше плејмејкерот Ертел со 23 поени.

Резултати: Будуќност-Дарушафака 75:74, Басконија-Гран Канарија 83:66, Баерн-Армани Милано 79:68.