„Луфтханза“ ќе лета до Скопје, а откажува други планирани летови

4721

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“, кој е во трка со „Виз ер“, и „Егеан“ за добивање на субвенција од македонската Влада за отворање нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, го одложува планираниот раст на летови од Минхен кон авиопристаништата на главните градови на поранешните ЈУ републики (Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, како и Дубровник).

Планираните дополнителни летови требаше да стартуваат од 26 март, но се одложуваат до јули годинава. Летовите од Минхен кон Белград до јули ќе бидат двапати неделно, а беа планирани три ротации, додека дестинацијата Франкфурт – Белград останува на три лета дневно до крајот на март.

Германската авиокомпанија ги откажа плановите до лето за додавање на втора дневна ротација меѓу Минхен и Загреб и останува и натаму со еден лет, а останува и двојниот дневен лет до Загреб.

Исто така, до крајот на март нема да има втор дневен лет од Минхен до Љубљана, туку до јули ќе има само утринска дневна ротација. Од Франкфурт, пак, летовите остануваат исти, односно трипати дневно. 

Извршниот директор на „Луфтханза“, Јенс Ритер, појасни дека планот е да има сигурен распоред на летање.

– Во моментов системот на воздушниот сообраќај не простува ниту една грешка. Секое зрно песок, без разлика колку е мало, ги прави брзините да се решетки –  изјави Ритер.

„Луфтханза“ ја зајакнува својата позиција во Источна Европа со додавање на Скопје. Оттаму најавија дека од 23 април отвора авиоврска од Франкфурт до Скопје и тоа два пати на ден за вкупно десет неделни ротации. Авионите со три од неделните вечерни летови до Скопје ќе преноќуваат во главниот град на Македонија за да овозможат рано наутро да полетаат за Франкфурт. „Луфтханза“ летово ќе стане вториот нов авиопревозник што ќе влезе на македонскиот пазар по норвешки „Ер Шатл“.

„Луфтханза“ нема директна конкуренција на рутата Франкфурт – Скопје. „Виз ер“ одржува операции од Скопје до Хан, што на околу 125 километри од главниот аеродром во германскиот град. Франкфурт е една од најфреквентните неискористени рути на скопскиот аеродром во Европа за патување од точка до точка, засенета само од таквите како Амстердам и Брисел. Досега „Луфтханза“ беше присутна на македонскиот пазар преку својот партнер во групацијата „Аустриан ерлајнс“, кој е втор најпрометен авиопревозник во Скопје за трансфери, по „Туркиш ерлајнс“.

Во 2017 година имаше план евтината подружница на „Луфтханза“ – „Еуровингс, да почне со операции од Минхен до Скопје, но продажбата на билети беше прекината неколку месеци пред отворањето на рутата поради „неисполнета економска ефикасност“.

Со додавањето на Скопје во мрежата на „Луфтханза“, германскиот авиопревозник сега со свои летови ќе опслужува шест авиодестинации на пет пазари од поранешна Југославија.

(С.Бл.)