Лопетеги не му верува на Навас, доаѓа нов голман на „Бернабе“

9

Еден ден откако постигна договор со Хулен Лопетеги, Реал Мадрид тргна во акција по засилувања, нешто што не се случуваше на “Бернабе” претходните три години.

Флорентино Перес тргна од голманската позиција бидејќи, како што објавија шпанските медиуми, договорени се сите детали со чуварот на мрежата на Рома, Алисон Бекер. Единствен проблем во моментов е отштетата бидејќи Рома бара 80, а Реал нуди 60 милиони евра, но се очекува и тоа да биде решено до крајот на неделава.

Ако нема пречки, Алисон ќе потпише договор на пет години со можност за продолжување на уште една.