Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, објави дека нема да присуствува на Самитот на ОБСЕ во Скопје, а како причина за неговата одлука го наведе учеството на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Зошто би летал до Скопје на Самитот на ОБСЕ за да дискутирам за европската безбедност со човек на кој не треба да му се дозволи да лета во демократски земји освен ако неговата дестинација не е Хаг?“, напиша тој на Икс (поранешно Твитер).
Балтичките земји Летонија, Литванија и Естонија вчера соопштија дека нивните министри нема да присуствуваат на Самитот на ОБСЕ во Скопје поради учеството на Лавров.