Лебот и млекото поевтини, ама граѓаните не забележуваат!

Владата регистрира намалување на основните животни продукти

460

По субвенционирана цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час за компаниите од прехранбената индустрија, веќе одредени пекари и млекари ја намалија цената на лебот и млекото. Владата очекува во идниот период и останатите пекари, млечната и месната индустрија тоа да го сторат. По извршените  стотина контроли низ  Македонија и констатирано е дека веќе има пониски цени.

Но граѓаните реагираат дека на полиците во супермаркетите и не се забележува некое значително поевтинување. Млекото е околу 80 денари за литар, брашното од 40 до 50 денари, 10 јајца чинат 100 денари, а литар масло во зависност од производителот чини околу 115 денари.

Според последните пресметки на статистика, ноемвриската инфлација достигна 19,5%. Лебот млекото сирењето и јајцата се поскапи за речи си 40% од лани. Месото и маслото имаат раст на цените од над 30%.

Синдикалната кошничка сега достигна 850 евра,а лани во истиот период беше 550 евра.Тие пресметаа дека за да се преживее месецот на едно просечно семејство во ноември му требале најмалку 850 евра.