Која е Мона Лиза? Италијанските научници тврдат дека ја откриле енигмата на славната слика

318

Наскоро би можела да биде засекогаш решена повеќевековната енигма за најславната слика на светот, Мона Лиза на Леонардо, односно, да се открие која е жената на сликата. По најновите истражувања во Италија, научниците тврдат дека го идентификувале ликот на жената.

„Сигурна сум дека жената позната како Мона Лиза или Џиоконда била Бјанка Џована Сфорца, најстарата ќерка на Лудовик Втори и неговата сопруга Галецана Сансеверина, кој бил голем пријател и покровител на Леонардо да Винчи. А, во позадината на сликаат се бреговите на Бобио во околината на Пјаченца кои се гледаат од дворецот Маласпина Дал Верме. Годината на настанокот? 1496, малку пред смртта на Бјанка“ – изјави независната истражувачка Карла Глори за италчијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Група италијански научници деновиве потврдија дека ихнофосилите кои Леонардо да Винчи ги споменува во Кодексот Лестер, потекнуваат од подрачјето Пјерфранческо ди Гропарело во близина на гратчето Бобио.

Глори која го проучува Леонардо цели триесет години, во тоа палеонтолошко лоткритие гледа потврда на својата теза од 2011 година дека зад загонетната насмевка се крие Бјанка Џована Сфорца, а мостот во позадината е оној на реката Требија во Бобио.