Кочов ќе го предводи МЗТ Скопје и во наредните две години

1

МЗТ Скопје на својот сајт потврди дека Ѓорѓи Кочов ќе остане на клупата и во следните две сезони. Младиот стратег минатата сезона седна на клупата на тимот од „Јане Сандански“, а МЗТ не успеа да ја продолжи доминацијата и по шест години, откако го загуби приматот кошаркарски шампион.

Станува збор за млад тренер и поранешен селектор на јуниорската репрезентација на Македонија, кој на почетокот на април го наследи Жељко Лукајиќ и ја доврши сезоната како прв стратег, откако кон крајот на минатата година дојде во Аеродром како негов прв помошник.

Кочов според многумина е еден од најталентираните стручњаци кај нас во моментов, а во „Јане Сандански“ дојде од таборот на Вардар, каде што одработи една ипол сезона како предводник на овој тим, прво во Првата лига, а потоа и во второлигашка конкуренција. Претходно, тој освои куп златни медали со јуниорскиот и младинскиот состав на Вардар, поради што во 2016 година беше прогласен за најдобар тренер во Македонија во младинска конкуренција.