Конференција за социјална инклузија преку претприемништво

5

Конференција за социјална инклузија преку претприемништво „Едукација за социјални претприемништво“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Центар за интеркултурен дијалог.

На конференцијата, како што најави организаторот, ќе биде организирана панел дискусија на експерти за образование на возрасни и две паралелни работилници од кои ќе произлезат препораки за вклопување на социјалното претприемништво во законската легислатива и ќе биде претставена публикација „Социјално претприемништво – Прирачник и курикулум“.

Конференцијата претставува завршен настан на заeдничкиот напор на три младински организации од Македонија, Германија и Белгија, споен во проектот Социјална инклузија преку претприемништво, дел од Еразмус + програмата на Европската комисија, поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.