Конкурс за Маџирмаалски поетски средби

5

 

„Маџирмаалски поетски средби“ е нова поетска манифестација која почнува на 13 декември во Скопје, а на која ќе бидат доделени една главна награда -„Маџирмаалски поетски бранови“ за годинава и две придружни награди. Песните тематско-содржински треба да кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, навиките и традициите и во нив да е присутен мотив поврзан со Маџир Маало.

За реализација на оваа манифестација е формирана комисија и распишан е конкурс на кој имаат право да учествуваат сите граѓани на Република Македонија. Секој автор може да испрати најмногу две свои необјавени творби напишани на македонски јазик, од кои само една може да биде наградена.

Поетите може да ги испраќаат своите песни до 30 ноември по пошта на адреса „Маџирмаалски поетски средби“ (за Конкурсот), ул. „Маџирмаало“ бр. 28, 1000 Скопје.
На авторот на првонаградената песна ќе му биде доделена диплома-плакета и паричен износ од 300 евра во денарска противвредност, а авторите на двете придружни поетски творби ќе добијат диплома-плакета и паричен износ од 100 евра