Книга: “Мистерии” – во човечките длабочини

7

“Мистерии” на Кнут Хамсун е приказна за ексцентричниот аутсајдер Јохан Нагел, кој пристигнува во еден норвешки крајбрежен град и предизвикува низа неконвенционални и мистериозни настани.

Одличен познавач на бруталните аспекти на човечката природа, Нагел со своето однесување ги вознемирува жителите на градот, откривајќи ги нивните најмрачни инстинкти и потиснати желби. Истовремено арогантен и скромен, праведен и неморален, тој успева да ја заведе целата заедница превртувајќи ја на глава, пред да исчезне исто онолку неочекувано како и што се појавува. “Мистерии”, најзначајната книга на нобеловецот Кнут Хамсун, е еден од првите егзистенцијалистички романи, вешта комбинација од психолошки портрет и општествена анализа.

Ова е текст за суровото продирање во човечките длабочини, ефективен приказ на опседнатоста на авторот со односот меѓу општественото лицемерие и личната чесност.