Книга: “Годините кога научив да летам” – за потрагата по дом

9

“Годините кога научив да летам” на Евгениј Хоуп е книга во чија срцевина лежи една човечка филозофија за сопствената потрага по дом, по смисла, по сродна душа.

Инспирирана од личните автостоперски патувања на авторот, “Годините кога научив да летам” ќе не нурне во номадскиот свет на талкачите и трагачите, и водејќи не по себеспознавачки координати ќе не потсети колку е важно да си го следиме внатрешниот глас. Ва оваа авантура-мистерија младиот Михаил со немирен дух повеќе не се пронаоѓа во родниот град зафатен од токсичните стихии на загадувањето, економијата, политиката, безидејноста. На дваесет и пет години, преиспитувајќи се себеси и своите корени, решава да си го бара домот под отворени неба. Талкајќи по недобројните патишта на Европа, Михаил го следи внатрешниот патоказ до непознатиот остров и душевниот мир што му го ветува, иако не знае дали воопшто постои.