Клоп за тренер на Баерн (М)

2

Легендарниот репрезентативец на Германија и поранешен капитен на Баерн (М), Франц Бекембауер, испрати јасна порака до клупските челници на баварскиот гигант, советувајќи ги дека Јирген Клоп е најдобрата можна опција за тренерската функција на “Алианц арена”.

Моментално, Баерн (М) е предводен од хрватскиот стручњак Нико Ковач, но Бекембауер е убеден дека трофејниот клуб ќе се врати на вистинската патека само доколку се обезбедат услугите на актуелниот менаџер на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп.