Клоп го забележа 600 натпревари во национален шампионат

11

Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп денеска го предводеше Ливерпул до шестиот триумф во Премиер лигата. „Црвените“ забележаа победа со 3:0 над Саутемптон и со максимални 18 бода се на врвот на табелата.

Овој натпревар за предводникот на Ливерпул беше 600-ти во националните првенства, пресметале статистичарите во Англија.

51-годишниот германски специјалист има 296 победи, 158 нерешени и 146 порази.

Клоп кариерата ја започна својата во 2001 година во Мајнц, од 2008 година ја предводеше Борусија Дортмунд (два пати го освои германското првенство), а од 2015 година е во Ливерпул.