Како делуваат маските од глина и зошто се толку популарни?

22

Маските од глина стануваат сè попопуларни на социјалните мрежи. Нивната популарност произлегува од високото количество на калциум, магнезиум, бакар, натриум, железо и калиум.

Глината во алтернативната медицина почнала да се користи пред новата ера, а поради своите лековити својства таа се употребувала како средство за заздравување на рани и извлекување на токсини од телото.

Токму поради можноста да ја чисти кожата, набрзо започнала употребата на глина во козметиката. Глината во допир со било која течност отпушта негативен електричен набој кој на себе ги врзува сите токсини со кои доаѓа во допир.

Затоа најефикасните маски од глина се оние во прав кои треба да ги помешате со вода или јаболков оцет. Готовите маски од глина веќе се помешани со вода и не може да се оспори нивната делотворност, но оние кои ќе мора да ги измешате сами секако имаат помоќно влијание.

Кога ќе ја нанесете маската од глина на вашето лице, на површината на маската ќе забележите видливи точки кои се всушност токсини и мртви клетки кои глината успеала да ги врзе за себе. Кога ќе ја отстраните маската од лицето, вашата кожа ќе биде видливо затегната, посјајна и почиста.

Глината, освен нечистотијата, одлично делува и на воспалената кожа и препорачливо е да ја користите доколку водите борба со акните. Затоа доколку сè уште не сте, секако испробајте некоја од широката понуда на вакви места, веруваме дека ќе бидете задоволни со резултатот.