Каква е тоа бунда со која Благица во Торонто се грее?!

15

Популарната фолкерка Благица Павловска Новогодишно-божиќните празници ги поминa работно, далеку од Македонија, поточно во Канада во Торонто. Таму е веќе како дома бидејќи има и многу пријатели во македонската дијаспора, а од таму ни испрати бакнежи, новогодишни честитки, но и слика на која е со новата розева бунда. Пријателите и велат дека прекрасно и стои бојата на нејзиното насмеано лице, а таа им одговара само со “благодарам”! И не само што прекрасно и стои туку капата од бундата максимално ја штити од поларниот канадски студ, но и од снегот кој деновие ја затрупува Канада. Во целата таа зимска приказна Благица е и романтична, па си вели со коментарот дека во Торонто на снегот и е убаво. Зима, зима епа што ако е зима, на Благица и е топло под една таква секси бунда! А, под која дали сопругот ја грее, за тоа не кажува!   Д.М.