Кака најдобро знае дека жените не знаат што сакаат

320

Легендарниот бразилски фудбалер Кака е пример дека жените не сакаат добри момци. Неговата сопруга Каролин го напуштила во 2015 година, а причините кои ги навела се навистина нереални.

Оваа 36-годишна жена не можеше да го прифати фактот дека има се покрај фудбалската ѕвезда и дека тој е повеќе од прекрасен сопруг. Таа бараше нешто друго.

“Кака никогаш не ме изневери, се однесуваше исклучително добро со мене, ми даде прекрасно семејство, но не бев среќна. Нешто недостасуваше. Проблемот е што тој беше премногу совршен за мене”, открива таа.

Кака имаше две деца со Каролин Селико, беа во брак 10 години, но таа одлучи дека и треба промена и реши да поднесе барање за развод.

Фудбалската икона не беше тој што предизвика проблеми во бракот. Ја почитуваше максимално својата понежна поливина, останаа во добри односи, а Кака и понатаму е совршен татко.

По разводот и двајцата го продолжија животот со новите партнери. Кака е во врска со Каролина Диас од 2017 година, има две ќерки, а 41-годишниот Бразилец неодамна објави дека повторно ќе застане на лудиот камен.

Од друга страна, Каролин Селико е во брак со Едуардо Скарпа Јулија од 2021 година и моментално го очекуваат своето прво дете.

Рикардо Изексон дос Сантос Леите е еден од најдобрите играчи од средниот ред што се појавиле во модерниот фудбал. Кака ја започна својата професионална кариера во Сао Паоло, го достигна врвот на славата во Милан, а играше и за Реал (М) и Орландо Сити.

Кариерата ја заврши во 2017 година и остана фудбалска икона и човек на чија мајсторија никој не остана имун.