Казнети тројца газди и директори на фирми по 3.500 евра за небезбедно работење

Во текот на овој месец (од 3 до 20 јануари) Државниот инспекторат за труд направил вкупно 236 инспекциски надзори во областа безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето. При тоа, казнети се тројца газди и директори на фирми кои платиле глоба од по 3.500 евра, додека една фирма платила само 30 евра. Едната фирма е казнета затоа што не правела обуки за безбедност при работењето, што резултирало и со повреда на еден вработен. Други две фирми се казнети заради необезбедување на пристап до работно место со специфична опасност. Додека, пак, една компанија платила казна од 30 евра поради тоа што во неа работници биле фатени дека не носеле заштитна опрема при извршувањето на своите работни задачи

210

Во текот на овој месец (од 3 до 20 јануари) Државниот инспекторат за труд направил вкупно 236 инспекциски надзори во областа безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето. При тоа, казнети се тројца газди и директори на фирми кои платиле глоба од по 3.500 евра во денарска противвредност, додека една фирма платила само 30 евра.

Едната фирма е казнета затоа што не правела обуки за безбедност при работењето, што резултирало и со повреда на еден вработен. Други две фирми се казнети заради необезбедување на пристап до работно место со специфична опасност. Додека, пак, една компанија платила казна од 30 евра поради тоа што во неа работници биле фатени дека не носеле заштитна опрема при извршувањето на своите работни задачи.

Во извештаите на ДИТ се наведува дека државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа од вкупно извршените инспекциски надзори, од нив 42 се редовни и 56 вонредни и имало надзори што биле направени по примени претставки.

Од извршените вонредни инспекциски надзори, 42 биле по известувања за несреќи на работа, пет по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и еден по барање од страна на работодавач за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.

За утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени биле вкупно 58 решенија со опомена или наредба.  По истекот на рокот за отстранување на недостатоците и неправилностите, извршени беа 85 контролни инспекциски надзори.

Во истиот период Државниот инспекторат за труд извршил и вкупно 444 инспекциски надзори на целата територија на дражавата и тоа во облaста на работните односи.

– Од вкупниот број на надзори извршени се 76 редовни надзори, 111 контролни инспекциски надзори и 308 вонредни надзори за утврдување дали работодавачите постапиле  по истекот на рокот од издадените решенија – велат од ДИТ.

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 95 решенија од кои 83 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 12 решенија со наредба за не постапување по решението со опомена.

Издадени се 12 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект, од кои за четири правни субјекти поведено е барање за поведување на прекршочна постапка.

(С.Бл.)