Францускиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Пол Погба, на британските медиуми им откри дека се чувствува многу помирно откако ја прифатил муслиманската религија.

Најскапата аквизиција во клупската историја на најтрофејниот англиски клуб не растеше како муслиман, иако неговата мајка била муслиманка. Погба откри дека муслиманската релија ја прифатил откако со своите пријатели бил на молитва и после молитвата осетил дека се чувствува многу подобро додека се моли.

  • Што значи за мене да се биде муслиман? Сè ми значи. Поради тоа јас сум благодарен на сè и сешто. Станува збор за добра промена во мојот живот. Знам дека сите во исламот гледаат како на тероризам, но исламот е нешто прекрасно. Секој може своите емоции да ги поврзе со исламот. Јас станав муслиман затоа што имам многу пријатели кои исто така веруваат во исламот. Во една ситуација сите заедно се молевме и јас во тој момент почувствував нешто посебно. Од тој момент јас почнав да верувам, изјави Погба.

Освен поради оваа изјава, Французинот е актуелен и поради неговата клупска иднина. Иако нема ништо официјално, британските медиуми се убедени дека Погба ќе си замине од „Олд Трафорд“ за време на летниот преоден рок. Раководните лица на Јунајтед не се премногу импресионирани од играта која ја прикажа во изминатата сезона и се подготвени да прифатат понуда не помала од 150 мил. евра. Најголем интерес за неговите услуги покажаа шпанските гиганти Барселона и Реал (М).