Има многу идиоти во тенисот

4

Чичкото и поранешен тренер на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, Тони категорично ги одби обвинувањата за гласините дека моментно вториот рекет во светот користел допинг. Надал, како и многу други врвни спортисти не беше поштеден од гласините и нагодувањата дека користи допинг.

-Постојат многу идиоти во овој спорт. Понекогаш немаат почитување. Допингот е во спротивност со нашата филозофија. Никогаш не би му го загрозиле здравјето на Рафа. Победувањето е важно, но сите знаат дека тој е конкретна личност која никогаш не би го мамела протвникот, изјави Тони.

Рафа се до  крајот на 2017 година тренираше со  својот чичко, кога иставија крај на соработката, а на негво место како главен тренер во стручниот штаб на Шпанецот дојде Карлос Моја.