Икарди ќе бира помеѓу два клуба

2

Поголемиот дел од италијанските медиуми се убедени дека проблематичниот напаѓач на калчо гигантот Интер, Мауро Икарди, сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

Брзоногиот напаѓач не тренира со првиот тим откако му беше одземена капитенската лента, но според неговата сопруга и агент, Ванда Нара, Икарди не тренира затоа што е повреден.

Според италијанските медиуми таквото однесување на Аргентинецот е неприфатливо за клупските челници кои во следниот период ќе седнат на преговарачката маса со раководните лица на Реал (М) и на Јувентус.