Поранешниот американски тенисер Џон Иснер е изненаден од одлуката Јаник Синер да биде омилен играч на навивачите за 2024 година. Синер оваа година ја понесе престижната АТП награда која му ја доделуваат навивачите, втора година по ред.
Иако е јасно дека Италијанецот беше најдобар тенисер во сезоната, многумина беа изненадени од ваквиот исход поради скандалот со позитивните допинг наоди што му се случи во првата половина од годината.
Меѓу нив е и Иснер, поранешен американски тенисер.
„Малку сум изненаден, бидејќи Синер во текот на 2024 година беше контроверзна личност, особено поради позитивниот допинг тест, но неговата санкција беше укината. Многумина беа против него. Ник Кирјиос меѓу другите, па мислев дека тоа ќе и наштети на неговата популарност, но тоа не се случи, рече Иснер.
Од 2003 до 2021 година оваа награда секој пат ја добиваше Швајцарецот Роже Федерер, потоа една година Надал, а следните две Синер.
“Би сакал да и се заблагодарам на тениската публика ширум светот што гласаше за мене. Ова ми значи многу, бидејќи гласовите доаѓаат од фановите. Тие се причината поради која играм тенис. Поддршката беше голема во текот на целата сезона”, изјави Синер.