Во НУ „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечер ќе биде отворена изложбата на тројца автори: Марјан Ѕингаров, Свилен Стефанов и Иво Пецов, како дел од проектот „Поврзување“ на Културно-информативниот центар (КИЦ) на РСМ во Софија.
Како што соопштија Изложбата се состои од над 30 сликарски дела во различни формати и техники.
Поголем дел од сликите беа претставени во КИЦ на РСМ во Софија минатата 2020 година, како посебни самостојни изложби.
Оваа изложба ги обединува ликовните дела на авторите кои се од РС Македонија, но кои живеат и работат во Бугарија, тоа се Марјан Ѕингаров (Струмица) и Иво Пецов (Виница), и делата на Свилен Стефанов од Софија, Бугарија.
Ѕингаров (1976, Струмица) на изложбата во Куманово учествува со делата насловени „Изгубени простори“, со кои го претставува најкарактеристичното од своето творештво во последните неколку години.
Стефанов (1966, Софија) е ликовен уметник, историчар на уметноста, критичар и куратор чија приказна како уметник, куратор и критичар е сврзана со групата XXL, создадена во Софија во 1994 година, на која е еден од основачите.
Сликите на Пецов (1980, Кочани) се дел од изложбата „Метафизички слики“ која во 2020 година ја претстави во Софија, која е така насловена поради, вели, неговата предодреденост да обраќа централно внимание врз метафизичките прашања, а го третира устеот за слобидата и чувството на изолираноста што го создаде Ковид пандемијата.
Изложбата на тројцата автори во НУ „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена вечер во 19:00 часот.