Зошто на ЗОРАН ВАНЕВ поранешните Југословени му велеа: “Где си Македонац?!“

14

-На почетокот на кариерата, кога за српската продукција го издадов албумот со српска музика на српски јазик, многу нашинци во Австралија ми замерија. Тоа можам да го разберам, меѓутоа сè си има свое време. Мислам дека тогаш тоа беше во погрешно време, затоа што јас секогаш сум пред музиката и знам што ќе се случува. Никогаш не е лошо да имам интернационална кариера. Најтешко ми беше, каде и да одев, пример кај Србите, Хрватите, Босанците, кај било кој од поранешна Југославија, секој од нив ми велеше “Где си Македонац”. Меѓутоа кога доаѓав меѓу своите Македонци, токму тие моите ме нарекуваа: “Овој е србоман”. Мислам дека помина тоа време и мило ми е што некои работи се подредија, раскажа популарниот пејач Зоран Ванев, при неодамнешното интервју за австралиската ИН-телевизија.