Зоран Миливојевиќ: Одлуката на Собранието, потврда за тезата за „голема Албанија“

21

Поранешниот дипломат Зоран Миливојевиќ за Радио телевизија Војводина вели дека амандманите во македонското Собрание не би биле усвоени да не беше албанскиот фактот и дека на терен постои координација на стратешките потези на албанскиот корпус кои се водат од Тирана, и дека токму тие потези и целата таа координација е своевидна теза за „голема Албанија“.

Во анализата на Миливојевиќ за РТВ вели дека одлуката на Собранието им овозможува „подобро вмрежување“ на Албанците во регионот.

„На терен постои координација на стретешките потези на албанскиот корпус кој се води од

Тирана. Токму тие потези и целата таа координација се на некој начин потврда на тезата на „голема Албанија“. И ова во Македонија е потврда на таа теза, затоа што тие не би ги истуркале амандманите да не беше албанскиот фактор“, објаснува Милојевиќ.

Според него, првата етапа на процесот кој треба да ја воведе Македонија во НАТО со доста маки е завршена, а сега на ред е Грција, каде има проблеми околу ратификацијата на спогодбата од Преспа, за со тоа да се создадат услови Македонија да стане членка на НАТО.

Говорејќи за проширувањето на НАТО, наведува дека тоа е нешто што одамна е зацртано.

„Проширувањето на НАТО е нешто што е зацртано минатата година и тоа не е никаква тајна. Од нивна страна постои желба целиот овој простор да влезе во западната интересна сфера, тоа се некои стратешки цели“, заклучува Милојевиќ.