epa11471047 Ukraine President Volodymyr Zelensky during a meeting with US House Speaker Mike Johnson (not pictured), on Capitol Hill, Washington, DC, USA, 10 July 2024. The 75th Anniversary NATO Summit takes place in Washington, DC from 09 to 11 July 2024. EPA-EFE/WILL OLIVER

Англискиот музичар Стинг го продаде луксузниот вински имот Tenuta il Palagio во Тоскана на семејството на Володимир Зеленски за 75 милиони евра, пишува порталот „Database Italy“ со фотографии од документи од катастарот.

Стинг и неговата сопруга уште во 1997 година купиле трошна вила од 16 век, по што ја реновирале, како и целиот имот.

Според официјалните документи од италијанскиот катастар, во јуни 2024 година Гордон Самнер го продал својот имот во Тоскана. Нов сопственик на Tenuta il Palagio е италијанската компанија „San Tomaso SRL““, се наведува во написот, а потоа се прецизира дека оваа компанија е регистрирана во Италија, но дека нејзини сопственици се „граѓаните на Украина, Володимир Зеленски и неговата сопруга Елена Зеленска“.

Порталот додава дека компанијата „Сан Томасо СРЛ“ е на списокот на имотот на Володимир Зеленски, а во медиумите се поврзуваше со него во 2019 година, кога тој беше кандидат за претседател на Украина, а тој не пријави дека тој поседувал вила во италијанскиот град Форте ди Марми на брегот на Лигурија мора.

На почетокот на јуни кипарските власти објавија дека ја проверуваат информацијата дека Зеленски поседува хотел во северниот дел на островот – на територијата на самопрогласената Турска Република Северен Кипар.

Дека Зеленски купил хотел во пристанишниот град Керинеја првично го објави турскиот портал „Ода ТВ“ – зградата е на фирмата регистрирана во Белизе „Филм Херитиџ“, која пак е во сопственост на Зеленски.

Оваа информација се наоѓа и во т.н Документите Пандора, документи собрани од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) во кои беа откриени скриени богатства, даночно затајување и перење пари, кои им се припишуваат на многу моќни и богати луѓе во светот, беа откриени.

Инаку, на 1 јуни во турскиот портал беше објавен напис за хотелот на Зеленски, но од 4 јуни страницата повеќе не беше достапна.