За Зорица Поп Панкова љубовта секогаш e на прво место !

298

Зорица Поп Панкова, пејачка со божанствен глас, со препознатлива харизма, личност која во комуникацијата лесно ќе ве освои, а симпатиите кон неа ќе останат за секогаш. Помладите можеби ќе се запрашаат: “А, извинете, за која Зорица зборувате?“ Штом е така редно е да кажеме дека Зорица како членка на поп-групата “Македонија“ а, и како самостојна пејачка во седумдесетите години беше навистина големо име, на врвот на популарноста. Сите ја памтиме по безвременските хитови: Есенска роза, Ѕма, ѕма, ѕм, Каде си, Има една мома….

Таа не го запоставуваше ниту приватниот живот. Веќе 40 години е во среќен брак со својот сопруг, саканиот Папас. Ни малку ни многу таман 40 години заедно за една животна зрелост, а по тој повод тие се уште силно вљубени наздравуваат за уште многу години заеднички живот. Нивната љубов е еднакво значајна како и уметноста со трајна вредност. Затоа омилената Зока напишала и споделила емотивен статус: – Некогаш само ние двајца, а сега со нашиот најголем капитал – две ќерки Марина и Даниела и внуците Марко на Марина и Давид на Даниела. Навистина така е, како што велат и нивните пријатели: Бог да ви дари и 50 и 70 години брак! Честито и од “Вечер“. /foto:FB/    Дуле М.