Владата одобри 2 милиони евра за доизградба на браната на реката Отиња, кај Штип. Браната требаше да биде готова уште минатата година, но поради одредени пропусти, рокот на завршување ќе се одложи за уште 2 години и оваа инвестиција важна за штипјани и регионот, ќе чини 8 милиони евра.
– Наскоро по завршувањето на најновиот тендер ќе се знае која фирма ќе работи на доизградбата на браната, која според нивните оценки треба да биде готова во 2026, а акумулацијата во текот на 2027 ќе биде полна со максималниот предвиден капацитет од 3 милиони кубни метри вода – изјави министерот за транспорт, Александар Николоски.
Браната почна да се гради во јули 2021 година со најава на тогашната власт дека ќе биде готова за две години, но досега е завршена повеќе од 50 проценти.