Роналдо Луис Назарио де Лима, попознат како Роналдо, даде ексклузивно интервју за Финаншл Тајмс. По успешната фудбалска кариера, благодарение на која се стекна со статус на еден од најдобрите напаѓачи во фудбалската историја, Роналдо се фрли во бизнис водите.

Освен за идните планови, Бразилецот откри како се чувствувал ноќта пред да го одигра финалниот натпревар на Мундијалот во 2002 година во Јужна Кореја и Јапонија. Бразил забележа сигурен триумф од 2:0, а Роналдо бил толку нервозен и мислел дека ќе доживее епилептичен напад, каков што доживеа пред финалниот натпревар на Мундијалот во 1998 година.

  •  Финалниот натпревар во Јокохама се играше во 20:00 часот. Претходната вечер, после вечерата сите фудбалери си заминаа во своите соби на спиење. Јас само мислев: „Не сакам да спијам“. Барав луѓе со кои можам да поразговарам и така дојдов до Дида. На нашиот голман му кажав: „Те молам, остани со мене“. Не спиев цела ноќ, ми беше страв да не добијам напад. Дида остана со мене цела ноќ, откри Роналдо.

Во текот на целата своја кариера, Роналдо имаше сериозен проблем со килограмите.

  • Отсекогаш имав проблем со десертите. Денеска има многу движења кои ги бранат правата на хомосексуалците, црнците, но не се сеќавам дека некој ме бранеше кога ме нарекуваа дебел, додаде Роналдо.

На крајот од интервјуто, Роналдо откри што има направено доколку неговата 13 години помлада девојка, супермоделот Селина Локс, посака да има деца. Роналдо во 2010 година направи васектомија откако беше потврдено дека е татко на Александро кој е роден во 2005 година, а неговата мајка ја запознал во 2002 година во Токио.

  • Да, направив васектомија, но замрзнав доволно сперма и мојата девојка може да роди цел фудбалски тим ако сака, изјави Роналдо.