Се соочивме со 383 милиони долгови на општините и на институциите, и 280 милиони евра екстра од “Скопје 2014”, рече македонскиот премиер Зоран Заев на отворениот брифинг со медиумите викендов. Тој посочи дека до крајот на јуни ќе бидат исплатени долговите од проектот “Скопје 2014” и голем дел е репрограмирано и договорено како ќе се враќаат тие долгови по сите основи, а дел од тоа е пакетот од 120 милиони евра на општините.
Според премиерот, популистичката политика од порано правела притисок врз општините да работат без разлика дали имаат пари и финансиско покритие или не. И сега ако тоа не го решиме, потенцира, ќе има сериозни импликации врз испорачување на услугите на локално ниво кон граѓаните и мора да го решиме.