Загадениот воздух го зголемува ризикот од дијабетес

3

Кина се соочува со најголема стапка на дијабетес во светот, каде околу 11 отсто од населението во земјата страда од метаболични заболувања, покажуваат резултатите од едно американско-кинеско истражување од 2017 година.

Со истражувањето се опфатени околу 88.000 луѓе од 15 кинески провинции.ж

Според Светската здравствена организација (СЗО), загадувањето на воздухот е причина за над еден милион предвремени смртни случаи секоја година.

Подолгата изложеност на штетните честици на смогот го зголемува ризикот од дијабетес. Тоа го менува и начинот на исхрана и на живот, а влијае и на белите дробови и на срцето.

– Постојаното подобрување на квалитетот на воздухот ќе помогне за намалување на епидемијата на дијабетес во Кина, изјави Лиу Шенфен, еден од авторите на истражувањето.

Тимот ги зел предвид и факторите возраст, телесна маса, пушење, семејна анамнеза за дијабетес и параметрите на физичка активност.