Жителите на Виена, освен своите домови под наем ги даваат и личните автомобили

2

Сè почесто жителите на Виена го даваат под наем не само својот дом за кратко време, туку и личниот автомобил.

Според најновите податоци, само една од интернет платформите во Виена за давање под наем на лични автомобили, минатата година регистрирала 30.000 корисници. Тоа е двојно повеќе отколку претходната година.

Принципот е ист како и кај платформи што даваат под наем станови. Статистиката уикажува дека бројот на луѓе кои скааат да „ќарат“ од сопствениот автомобил расте многу брзо. Тоа се објаснува со сè поголемите трошоци за одржување на автомобилот. Според една од фирмите за издавање под наем приватни автомобили, само за една година побарувачката на клиенти е зголемена за 50 отсто.