Ериксен на излезна врата

4

Челниците на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем се свесни дека за време на летниот преоден рок ќе останат без услугите на стандардниот првотимец, Кристијан Ериксен.

Репрезентативецот на Данска има договор со популарните “петли” до 2020 година, но во изминатите неколку недели, Ериксен постојано повторува дека сака да игра за тим кој секоја година ќе се бори за трофејот во националниот шампионат и во Лигата на шампиони.

Искусниот играч за врска важи за голема желба на шпанскиот гигант Реал (М), но официјалната понуда не смее да биде помала од 200 мил. евра.