Одбојкарките на Србија и на Турција се погрижија да има спектакуларно финале на Европското првенство за жени во Врисел, а на крајот на победата ѝ се радуваше селекцијата на Турција, која славеше со 3:2 во сетови по неверојатна драма, пресврти, борба и лудило на теренот.
Србија дојде во водство во сетови откако го доби првиот со 27:25, но Турција веднаш возврати со 25:21. Потоа следуваше епско враќање на Србинките, кои губеа во третиот сет со 13:7, но успеаја да го добијат со 25:22. Во четвртиот сет повторно имаше драма, многу пресврти, а сетот ѝ припадна на Турција, која победи со 22:25. На крајот, Турчинките први дојдоа до 15 поени и до големо славење.