Енергетскиот гигант „Chevron” и автомобилскиот гигант “General Motors” платиле нула даноци

Институтот за оданочување и економска политика ( ITEP) открил многу повеќе американски компании кои не плаќале данок во 2018 година. Институтот вклучил 60 големи компании од разни сектори на американската економија, од малопродажба до компании кои се занимаваат со нафта и гаc

82

Шеесет најголеми американски компании од листата на Fortune 500 успеале да избегнат да платат данок на приход од својот огромен профит минатата година.
По експлозивниот извештај за тоа како Амазон користел даночни дупки и не плаќал даноци две години по ред, Институтот за оданочување и економска политика (ITEP) открил многу повеќе американски компании кои во целост направиле иста работа во 2018 година. Институтот вклучил 60 големи компании од разни сектори на американската економија, од малопродажба до компании кои се занимаваат со нафта и гас.
На пример, „Delta Air Lines” не платила ништо за вујко Сем и покрај тоа што заработила повеќе од пет милијарди долари.
Енергетскиот гигант „Chevron” и автомобилскиот гигант “General Motors” исто така платиле нула даноци, а секој од нив заработил повеќе од 4 милијарди долари минатата година. Вкупно, компаниите што ги навел ITEP не плаќале федерален данок на приход на 79 милијарди долари. Така, наместо да платат 16,4 милијарди долари даноци, овие корпорации имаа нето-поврат на данок од 4,3 милијарди долари.
Сето ова се случило поради разни законски дупки кои создале „технички неисправен” Закон за даноци и работни места од 2017 година.
Законот остави поголем дел од даночните олеснувања недопрени, додека, исто така, утврди 21 процент законска даночна стапка на добивката (намалување од 35 проценти).
„Резултатот, што не е изненадувачки, бидејќи е продолжение на падот на нашите веќе ниски приходи од данокот на добивка: во фискалната 2018 година, приходите од данокот на добивка во САД паднале за 31 проценти, според податоците на американскиот трезор”, изјавија авторите на извештајот.
Различните видови на законски даночни олеснување вклучуваат забрзана амортизација (која, на пример, ја користи „Chevron” и „Delta Air Lines”, меѓу другите), како и даночни олеснувања за берзански опции, од кои корист имаа Amazon и Netflix.
Netflix, со профит од 856 милиони долари, го намалил данокот на приход за 191 милион долари, искористувајќи го ова даночно олеснување и не плаќајќи ништо.
Меѓутоа, и покрај фактот дека годишните финансиски поднесоци на корпорацијата се наведени во извештајот, тој забележува дека нивните даночни одредби се често нејасни и не наведуваат јасно кои даночни бенефиции ги користеле.
Сепак, не постои „ништо очигледно нелегално” во акциите на компанијата, изјавија од ITEP, повикувајќи ја владата да „бараат повисок стандард на објавување на данок за да се постигне целосно разбирање на тоа како профитабилните корпорации избегнуваат данок”.