Неколку улици во централниот дел на лондонската населба Сохо денеска беа евакуирани, откако на едно градилиште беше пронајдена бомба од Втората светска војна.
Според Би-Би-Си, полицијата пристигнала во улицата Дин веднаш откако била откриена бомбата, а евакуирани биле хотелот „Сохо”, „Сохо Театар” и клубот „Гроучо”.
Областа е полна со продавници, ресторани, барови и деловни канцеларии.