Драма на Пацификот: Гори брод што превезувал автомобили

41

Едно лице се води како исчезнато при пожар на товарен брод, што избувнал во текот на пловидба низ водите на Тихиот Океан.

Останатите 16 членови на екипажот на бродот „Серенити Ејс“, што превезувал автомобили од Јапонија до Хаваите, се спасени.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.

Бродот, кој е сопственост на јапонската компанија „Шоеј Кисен Каиша“, пловел под знаме на Панама.