Дојде и тој ден дресот да се замени со костум: Борко Ристовски направи свадба за паметење (фото)

28

Репрезентативниот ракометен голман Борко Ристовски и неговата партнерка Николина претходната година склучија граѓански брак, а викендов направија свадбена веселба.

Свадбата која се одржа во еден луксузен македонски хотел,  присуствуваа најблиските роднини и пријатели на брачната двојка.

Борко беше облечен во костум, а невестата во бел фустан со поширок долен дел. На свадбата присуствуваше и нивниот син Душан. Свадбената торта на познатата двојка беше со црно-бела боја, а на црниот дел со златни букви беше испишан текст.