ДОРИС ДЕЈ:Единствената амбиција ми беше да бидам добра мајка и сопруга

23

Почина една од најпознатите американски актерки и пејачки на 20 век, Дорис Деј.

Во соопштението се наведува дека таа починала на 97-годишна возраст, опкружена со блиски пријатели, и дека била во одлична здравствена состојба, со оглед на нејзината возраст, но таа неодамна имала сериозни пневмонија…

Оваа дама ја нарекоа “најнасмеаната жена на Холивуд”, а на врвот на својата кариера беше за време на 50-тите и 60-тите години од минатиот век. Во својот живот таа има снимено повеќе од 50 филмови, а никогаш не ја запоставила ниту кариерата на пејачка. Имала над 30 снимени албуми и 650 песни.

Интересно е тоа што неуморно работела и во подоцнежните години од животот, а нејзиниот најнов албум “My heart” беше издаден во 2011 година.

Оваа американска актерка ја доби наградата за животно дело “Греми”, “Златен глобус” и Оскар за главна женска улога.

Беше мажена четири пати, помеѓу вториот и третиот брак кратко се забавуваше и со Роналд Реган, а имаше само еден син – продуцентот Тери Мелер, кој почина во 2004 година. Таа го посвети својот живот на спасување на животни и неуморно се бореше да ги заштити.

Таа беше позната по своите изјави, а некои од нив беа често цитирани.

“Благодарноста е еднаква на богатството. Лелекањето е еднакво на сиромаштијата“, “Единствената амбиција што некогаш сум ја имала – е не да  бидам пејачка или филмска ѕвезда, туку добра жена и домаќинка“, “Она што е навистина страшно за средната возраст е дека знаете дека ќе помине“, “Да, наоѓам убавина кај животните, ја наоѓам насекаде. Дури и во мојата градина“, “Никогаш не сум сретнала животно што не ми се допаднало. Не можам да го кажам истото и за луѓето“. “Вулгарноста започнува кога го принудувате умот да биде експлицитен“… Ова се само дел од нејзините познати цитати кои ќе останат запаметени.

Во 1960 година беше номинирана за Оскар за најдобра актерка за филмот “Pillow Talk”. Во музичкиот свет ќе остане запаметена по големиот хит “Que Sera, Sera” оригинално снимен во 1956 година.