Никола Јокиќ и Лука Дончиќ одиграа одлични натпревари во НБА-лигата и уште еднаш ја покажаа својата класа.
Денвер славеше над Сакраменто кингс со 117:96, а Јокиќ повторно имаше трипл-дабл учинок со 14 поени, 14 скока и 11 асистенции, како и три украдени топки.
За само три четвртини на теренот, Јокиќ стигна до својот 19. трипл-дабл сезонава, четврти во низа.
Од друга страна, Лука Дончиќ забележа нов трипл-дабл на гостувањето на Далас во Торонто, каде што победи неговиот тим со 136:125. Одличниот Словенец постигна 30 поени со 11 скока и 16 асистенции.
Резултати: Индијана – Њу Орлеанс 123:114, Чикаго – Кливленд 132:123 (по продолжение), Минесота – Мемфис 110:101, ЛА лејкерс – ЛА клиперс 112:116.