Додека нобеловци бараат да не биде номиниран, новиот министер за здравство на САД, Кенеди, ќе истражува дали вакцините се причина за аутизам

107

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека министерот за здравство Роберт Кенеди Џуниор, кој тој го предложи, би можел да ја истражува врската помеѓу вакцини и аутизам, иако лекарската струка ја отфрли таквата поврзаност.

Во интервјуто за Ен-би-си, тој рече дека таквата истрага е оправдана поради зголемениот број дијагностицирани случаи на аутизам кај американските деца во последните 25 години.

-Кога гледате што се случува со болестите во нашата земја, знаете дека има нешто погрешно. Пред 25 години, аутизмот речиси и не постоел. Имало можеби еден случај на 100.000 деца, а сега е блиску до 100, кажа Трамп на прашањето дали би укинал некои вакцини.

Верувам дека аутизмот доаѓа од вакцини, кажа Кенеди лани и повика на поголемо тестирање вакцините.

Трамп вели дека тој нема да го нарушува системот, „но некој мора да даде одговори за аутизмот“.

Антиваксерството на Кенеди Јуниор е само една од причините поради која вчера 75 нобеловци се обратија до американските сенатори со барање да ја отфрлат неговата номинација за секретар на Министерството за здравство и човечки услуги (ДХХС). Во писмото се критикува „недостигот на ингеренции“ на Кенеди во медицината, науката и администрацијата и се тврди дека со него ќе се загрози јавното здравје и ќе се намали глобалната позиција на Америка во здравствените науки. Исто така, нобеловците ставаат акцент на Кенедиевите теории на заговор, како на пример отфрлените тврдења кои ги поврзуваат вакцините со аутизмот и неоснованите сугестии дека коронавирусот селективно ги таргетира етничките групи.

 

ИЗДВОЕНИ