Македонскиот пејач, Сашо Каимовски – Панки (52) од популарното дуо “Куку-Леле“, синоќа воопшто не беше забележан со директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски во еден скопски локал, како што објавија денес голем број македонски портали и телевизии. Директорот Галетановски ја демантира оваа вест во изјавата за “Вечер“ велејќи дека сликата е стара цела една година, а тоа го потврдува со скриншот каде што убаво се гледа датумот кога се сликани Панки и Ѓорѓи.
–
Директорот за “Вечер“/vecer.press вели дека Панки се уште не е на слобода, туку допрва се чека деновиве да биде пуштен и да си допатува во Македонија. – Ова е тотална измислица на секој оној портал или тв кои ја објавија веста, вели Галетановски. – Навистина стара е сликата цела една година, снимени сме на 30 декември 2018 година, а јас си ја ставив на мојот фб без да објаснувам кога е снимено, немав потреба за тоа. Не ми текна дека можат вака лошо да ја искористат! Инаку, за потсетување е дека Сашо Каимовски беше уапсен во март годинава на граничниот премин „Евзони“ при влез во Грција. Грчките власти тогаш соопштија дека Каимовски е уапсен врз основа на распишана потерница од Интерпол, а на барање на Германија. Германски истражни органи го посочија Каимовски како член на Меѓународна криминална група која крадела податоци од кредитни картички со поставување на т.н. „скимери” на банкомати. Парите биле подигани од банкомати во повеќе земји од Европската Унија…