Холандскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Рајан Гравенберх, е најновата желба на раководните лица на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М). Челниците на „кралскиот клуб“ се убедени дека играчот за врска може да биде достојна замена за хрватскиот интернационалец Лука Модриќ кој е на крајот од својата богата кариера.