Од денеска 23 септември во ЕУ ќе биде “органски ден“ или ден на органската храна и земјоделство, најави еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски.
Целта е до 2030 дваесет и пет отсто од земјиштето да биде посветено на органското производство. Европската Комисија смета дека е ова е амбициозна цел која ќе може да се постигне благодарение на низата конкретни мерки што ги нуди за земјоделците за да се развие и побарувачката и производството и одржливоста.
Фокусот, вели ЕК, е ставен на малите и средните производители и се работи на тоа да им се помогне да постигнат високи стандарди за да одговорат на растечката побарувачка.
Имено меѓу 2009 и 2019 година продажбата на органски производи е зголемена за 128 отсто, потсети еврокомесарот.
Комисијата го одбра 23 септември како прв ден на есента и симбол на балансот помеѓу денот и ноќта и природниот циклус на сезоните.
-Органското земјоделство ги балансира потребите за производство на храна и за заштита на климата и нѐ потсетува дека треба да има баланс и помеѓу сите чинители во ланецот на производство, рече еврокомесарот на денешната прес конференција.