Денеска почнува скринингот за Ковид-19 во основните училишта

107

Денеска започнува тестирањето на учениците во основните училишта низ земјата, за да се види колку е раширен коронавирусот кај децата во основните училишта. Тимови и здравствени работници се обезбедени, за да започне скринингот за Ковид-19, во основните училишта, соопшти портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, Злате Mехмедовиќ.

Според него, во моментот, во основните училишта има повеќе деца со Ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата е помирна.

Затоа денеска ќе се почне со скринингот, а за таа цел, родителите ќе добијат изјава за согласност, нивното дете да биде тестирано на Ковид-19. Комисијата за заразни болести соопшти дека тестирањето ќе се одвива во училиштата, а не во Центрите за јавно здравје како што беше најавено во вторник.

Скрининг процесот следи по неодамнешниот извештај на Институтот за јавно здравје кој покажа зголемување од 60% на учениците заразени од Ковид-19.