Легендарниот германски тенисер Борис Бекер, смета дека играчите кои ќе почнат да се занимаваат со овој спорт имаат само една единствена цел – да станат богати.

Пред неколку дена шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја осови 18. грен слем титула и стигна до заработка од 109.564.7378 долари само од наградни фондови.

Славниот тенисер изјави дека парите го преземале овој спорт, и дека сите мислат само на парите.

-На јуниорските турнири се се врти околу парите. Ако имате 15 или 16 години и ако сте меѓу најдобрите брзо ќе добиете договор со некој од водечките компании за производство на спортска опрема. Во мое време не се грижевме премногу за парите, сакавме да играме со цел да победуваме. Сега младите тенисери сакаат да победуваат само за да се збогатат. Повтроувам, кога јас играв посакував да освојам бодоби, да бидам подобро рангиран, парите не правеа разлика, изјави Бекер.